Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути истакна дека ситуацијата во редовите на „кралевите“ мора да се промени и дека сите кои не сакаат да играат треба тоа да го кажат.
Реал во последното коло доживеа тежок пораз од Барселона во Мадрид со (4:0). Гути ги коментираше измените во овој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се ставам на позицијата на Анчелоти иг ледам на клупата на која се Азар, Јовиќ, Бејл, Иско…И никој од нив не може да влезе во игра? Што се случува? Не ми е јасно..Го гледав мечот против Барселона. Прва измена беше Маријано. Како е тоа можно? Зарем Бејл и Азар не се тука“.
Легендарниот фудбалер истакна дека не може секогаш во составот да бидат исти фудбалери.
„Кој не сака да игра, кој не сака да биде дел од Реал Мадрид треба тоа да го каже. Не е лесно, но нека го каже. Реал Мадрид не може да игра со 12 или 13 играчи, голем тим кој сака да се бори за сите титули не може такво нешто. Клубот или Анчелоти треба да им кажат на играчите да излезат пред новинарите и тие што не сакаат да играат да го каажт тоа“, изјави Гути.
На лето се најавуваат нови имиња, пред се тука е Мбапе со кого работата веројатно е завршена, се шпекулира и за Халанд.
„И понатаму мислам дека Реал треба да го доведе Халанд. Клубот мора да ги доведе и Халанд и Мбапе како и уште четири-пет фудбалери кои сакаат да играат тука“, заклучи Шпанецот.