Дома Фудбал Англија Гигс го откри својот фаворит и ги изненади фановите на Јунајтед

Гигс го откри својот фаворит и ги изненади фановите на Јунајтед

Премиер лигата започнува наскоро, а по тој повод зборуваше Рајан Гигс.

Добро познато е дека Гигс е голема легнеда на Манчестер Јунајтед, па токму поради тоа со изјавата која ја даде во медиумите, можеби ги налути фанвоите на неговиот поранешен клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гигс како главен кандидат за титулата во Англија изненадувачки го смета големиот градски ривал на Манчестер Јунајтед, екипата предводена од Пеп Гвардиола, Манчестер Сити. Сепак кога ќе се земе предвид, колку „граѓаните“ потрошија ова лето на засилувања, тоа можеби е и реално.

„Според мене главен фаворит за титулата во новата сезона ќе биде екипата на Манчестер Сити, тоа ќе биде тимот кој ќе мора да се победи. Имаат неверојатен напад, одбраната беше нивниот најголем проблем, а видовме сите какви засилувања успеаа да доведат во изминатиот период. За да станеш шампион во Премиер лигата мора да имаш и одличен голман, а Едерсон е токму таков, прашањето е да видиме како тој ќе се прилагоди на новата средина. Покрај Манчестер Сити, секако дека тука е и тимот на Челзи кој ќе ја брани титулата освоена во минатата сезона“, изјави легендарниот фудбалер.

Интересно е што во ова интервју за „Скај Спорт“, како еден од кандидатите за титулата Гигс не го спомна неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…