Интересна ситуација се случи во првото полувреме од финалето на ЕП. Дани Карвахал во 24. минута го фаулираше Сака, а Англичаните протестираа бидејќи мислеа дека е прекршок за жолт картон.
Сепак, судијата не го делеше тоа мислење, а Карвахал, еден од најискусните во тимот, ја искористи приликата да се потсмева на Сака. Со гест му порача да престане да „плаче“, а тој потег брзо стана хит на социјалните мрежи.
Dani Carvajal after being called for a foul on Bukayo Saka. pic.twitter.com/O185PH8BBF
— ESPN FC (@ESPNFC) July 14, 2024
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Причина за радување на крајот од мечот имаше Карвахал откако Шпанија победи со 2:1 и по четврти пат во својата историја стана европски првак.