Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Германците откриваат: Лев имал добра причина да го изостави Сане

Германците откриваат: Лев имал добра причина да го изостави Сане

sane

Селекторот на репрезентација на Германија, Јоаким Лев вчера ја шокираше јавноста со објавата на списокот за играчи на кои ќе смета за Светското првенство и на кој немаше место за Лерој Сане.

Сане зад себе има фантастична сезона во дресот на Манчестер Сити на собирот на репрезентацијата пристигна во одлична форма. Никој сигурно не можеше ниту да сонува дека Лев на крајот ќе се одлучи да не го повика Сане. Местото на Сане го доби Јулијан Брендт.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Денес во Германија се пишува дека Лев имал навистина добра причина да не го повика Сане.

Наводно, на Лев не му се допаднало однесувањето на 22 годишниот играч и не сакал да ризикува да ја расипе атмосферата во екипата. Лев им открил на помошниците
дека Сане се однесува премногу арогантно и дека веќе во својата глава е главна ѕвезда на репрезентација.

На сето ова Лев одлучил да реагира со негово изоставување. Извори блиску до репрезентацијата откриваат дека Лев на првите состаноци забележал дека Сане драстично го променил своето однесување кон поголемиот дел играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…