Дома Фудбал Германците ги објавија платите во Баерн, Мане најплатен

Германците ги објавија платите во Баерн, Мане најплатен

Германските медиуми денес ги објавија платите во екипата на Баерн Минхен.

Според она што е објавено најплатен во Баерн е Садио Мане кој летово пристигна во Минхен за 32 милиони евра. Во Баерн Сенегалецот заработува 22 милиони евра бруто или околу 11 милиони евра по сезона.

На врвот Мане се најде откако си замина Роберт Левандовски, полскиот напаѓач добиваше плата од 25 милиони евра, но летово се пресели во Барселона. Така зад Мане е капитенот Мануел Ноер со 21 милиони евра годишно, потоа Томас Милер со 20.5, Коман со 20 и Лерој Сане со 20.

Од целиот тим на Баерн само петмина заработуваат помалку од пет милиони евра по сезона, на дното на листата се двајца Хрвати. Јосип Станишиќ со два милиони евра и Габриел Видовиќ со еден милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл се распрашува за Миранда, Јувентус ја следи истата цел

Левиот бек на Болоња е на радарот на Њукасл за јануари. Според „Тутоспорт“, англискиот клу…