Денешниот ждреб во полуфиналето во Лигата на шампионите сакаше да се сретнат Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Ваквите натпревари во главно се нарекуваат финале пред финале, а со оглед на тоа за какви тимови се работи и со какви играчи располагаат, тоа навистина е така. На едната страна се Кристиано Роналдо, Карим Бензема, Серхио Рамос, Лука Модриќ…на другата Роберт Левансовски, Арјен Робен, Томас Милер, Франк Рибери…
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според многумина победникот од овој полуфинален двомеч ќе биде и новиот шампион на Европа, а на Реал му се даваат поголеми шанси, иако во средата навечер одигра лош натпревар против Јувентус.
Додека го имаат Роналдо „кралевите“ секогаш ќе бидат фаворити, а Баерн има посебна причина да стравува бидејќи овој клуб е една од неговите омилени жртви.
Португалецот против Баерн Минхен во својата кариера постигна девет погодоци.
Минатата сезона Реал во ¼ финалето го победи Баерн во два натпревари, подоцна беше и шампион на Европа. Во тие натпревари Роналдо постигна пет погодоци. Прво постигна два во Минхен за победа од 2:1, за во реваншот во Мадрид да биде стрелец на три, од кои два во продолженијата.
Според тоа во каква форма игра Роналдо и овој пат ќе биде страв и трепет за одбраната на Германците.