Арсенал и Баерн Минхен ремизираа 2:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележаа контроверзните судиски одлуки.
Шведскиот судија Глен Ниберг се најде на удар на критики по спектакуларниот натпревар во Лондон. Двете страни чувствуваат дека се сериозно оштетени на овој натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англичаните се жалат дека не досудил пенал по дуелот на голманот Нојер и Сака, додека Германците со жестока реакција затоа што шведскиот судија не покажа на белата точка по очигледното играње со рака на Габриел во сопствениот шеснаесетник.
Имено, при резултат 2:1 во корист на Баварците, голманот на Арсенал, изведе прекин, а Габриел ја зеде топката во раце, ја врати во шеснаесетникот и повторно ја започна акцијата.
Фудбалерите на Баерн бараа пенал, но Швеѓанецот не сакаше ниту да го слушне, иако беше евидентно дека младиот фудбалер на Арсенал направи кардинална грешка.
Тренерот на германскиот тим Томас Тухел по натпреварот беше бесен за одлуката на судијата.
„Тој им кажува на играчите дека тоа е детска грешка и дека нема да досуди пенал за тоа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ова е сосема нов начин на толкување на правилата, неверојатно. Ова боли“, изјави тренерот на Баерн.
Погледнете ја оваа бизарна сцена:
Tuchel says Bayern should’ve gotten a penalty
— Bayern & Football (@MunichFanpage) April 9, 2024
pic.twitter.com/GQVQkZd1Dr