Дома Топ вести Германската ѕвезда го избра Ливерпул пред Баерн

Германската ѕвезда го избра Ливерпул пред Баерн

Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на неколку европски гиганти.

23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а медиумите тврдат дека Баерн Минхен веќе подолго време го следи Германецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Ливерпул, кој е спремен да го „украде“ играчот пред носот на Баерн Минхен.

Нојхаус оваа сезона одигра 33 меча во Бундеслигата на кои постигна 6 гола и запиша 6 асистенции, а Клоп верува дека ќе биде идеална замена за Вајналдум.

Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат. Меѓутоа, „Билд“ пренесува дека тој преферира преселба во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…