Дома Фудбал Германија Германија е новиот „расадник“ на таленти: Запаметете го ова име КАИ ХАВЕРЦ!

Германија е новиот „расадник“ на таленти: Запаметете го ова име КАИ ХАВЕРЦ!

Германците немаат потреба да се грижат за својата иднина.

Репрезентацијата на Германија во фудбал во овој момент веројатно е сила број еден во светот. Тие се актуелни светски шампиони, победници на Купот на конфедерациите, а младата репрезентација на Германија стана шампион на Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот, Јоаким Лев  создаде таков систем што во овој момент може да состави две подеднакво силни репрезентации со фудбалери помеѓу 20 и 26 години, а Сами Кедира и Марио Гомез се единствените членови на национиот тим кои влегоа во четвртата деценија.

Со оглед на тоа дека огромен број репрезентативци дресот на оваа репрезентација можат да го носат и во наредните десетина години, јасно е зошто Германија не треба да се грижи, а констатно се појавуваат и нови млади исклучително талентирани фудбалери.

Последен во оваа низе чудото од дете Каи Хаверц. Овој дефанзивен играч за врска има само 18 години е член на Баер Леверкузен, а него го споредуваат со Месут Озил од најдобрите денови.

Каква класа поседува Хаверц покажа во денешниот натпревар на младинските селекции помеѓу Германија и Белорусија. Младите Германци славеа со 5:1, тој беше стрелец на четири погодоци, а запиша и една асистенција.

Хаверц е најмладиот дебитант стрелец во бундеслигашката историја на Леверкузен, а веројатно само прашање на време е кога ќе стане сениорски репрезентативец и мета на најголемите европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …