Дома Фудбал Репрезентации Германија во судиското продолжение извлече реми против Франција (Видео)

Германија во судиското продолжение извлече реми против Франција (Видео)

Репрезентациите на Германија и Франција на стадионот во Келн го одиграа пријателскиот меч кој заврши со реми 2:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме дуелот беше мошне изедначен, но „Триколорите“ успеаа да го искористат периодот подобро и дојдоа до водство.

Првата сериозна шанса за Франција ја пропушти Килијан Мбапе во 32. минута, кога Трап одлично го одбрани неговиот удар.

Гостите меѓутоа веќе во следната минута стигнаа до водство. Марсијал прими топка во казнениот простор на Германија, фантастично го проигра Силе и упати топка до Лаказет кој рутински погоди за 0:1.

Вториот погодок на мечот го постигна Вернер за изедначување на Германија. Потоа Лаказет реализираше уште една убава шанса за 2:1 во 71. минута, а конечните 2:2 ги постави Штиндл во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Предбрачниот договор на Роналдо и Георгина: Што би ѝ припаѓало во случај на развод

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез наводно се одлучиле на режим на одвоена сопственост…