Дома Фудбал Лига на шампиони Германецот за црвениот картон на Роналдо: Не сме жени, оставете не да играме фудбал!

Германецот за црвениот картон на Роналдо: Не сме жени, оставете не да играме фудбал!

can

Црвениот картон на Кристиано Роналдо во вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија и Јувентус се уште е тема број 1 во светските медиуми.

По повод оваа ситуација свое мислење даде и играчот за врска на „старата дама“, Емре Чан. Тој смета дека Роналдо не заслужил црвен картон, а тоа го објасни на интересен начин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дали требаше добие црвен картон? Разбрав дека го доби само за мало повлекување за коса. Не сме жени, оставете не да играме фудбал“, изјави Чан и продолжи:

„Ако секогаш покажувате црвен картон поради тоа, тогаш би требало да не исклучувате скоро после секој прекршок. За Роналдо 100% сум сигурен дека не заслужи црвен картон“, заврши Германецот и соиграч на Роналдо.

Ќе потсетиме, Јувентус против Валенсија иако остана со играч помалку до крајот славеше победа од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…