Дома Фудбал Англија Гери Невил: Исчистете го Манчестер Јунајтед од врвот до дното!

Гери Невил: Исчистете го Манчестер Јунајтед од врвот до дното!

Поранешниот англиски фудбалер денес работи како аналитичар на „Скај Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ никако не успеваат да се вратат на шампионскиот пат и со ремито во 37-то коло во против веќе испаднатиот Хадерсфилд ги изгубија сите надежи дека можат да се најдат во топ четири и да се пласираат во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите поради тоа ќе претрпат последици, Солскјер изјави дека треба да се извлечат позитивни оценки и ја истакна важноста на Лигата на Европа.

Пристигнаа најави за можно враќање во клубот на Рио Фердинанд и Дарен Флечер на директорски позиции.

Сега порака до Манчестер Јунајтед испрати Гери Невил.

„Првата работа која треба да ја направат е да ја исчистат соблекувалната. Да го исчистат клубот од врвот до дното. Потребен ни е некој кој ќе се грижи за фудбалската страна на клубот, а не само за сумите“.

„Потребни ни се луѓе кои се најдобри во таа работа, а не играчи кои некогаш играле за клубот. Ед Вудворд е седум години во овој проект, имаше своја шанса“, порача Невил.

Невил потоа истакна дека еден од проблемите може да биде што во клубот има луѓе доведени од разни менаџери.

„И понатаму го имаме шефот на скаут службата на Фергусон, имаат и скаути на Ван Гал, кординатор кој го доведе Мојс..Имате тренер, потоа директор на клуб кој го има главниот збор кога се засилувањата во прашање?! Секој друг клуб има човек задолжен за трансфери за кој сигурно можам да кажам дека ја работи таа работа. Навистина не знам кој човек е задолжен за тоа во Јунајтед“, заврши поранешниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Баерн се договорил со новиот тренер!

Познатиот каталонски медиум „Мундо Депортиво“ тврди дека се е договорено и Зинедин Зидан ќ…