Герет Саутгејт најави дека ќе си замине од клупата на Англија ако оваа репрезентација не го освои трофејот.
„Гордиот Албион“ на турнирот во Германија беше поразен во финалето, па сега се чека да се види каква ќе биде иднината на Саутгејт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во медиумите веќе се пишува за тоа кој би можел да го наследи, а како фаворит се издвојува едно име.
Наводно во овој момент главен кандидат да го наследи Саутгејт е тренерот на Њукасл, Еди Хау. Информациите од Островот засега говорат дека тој не би имал ништо против да седне на селекторското столче.