Вардар во четврток го игра натпреварот против Флензбург во Лигата на шампионите, прв сезонава дома елитното европско натпреварување.
Ракометарите на Вардар еден месец се без натпревар поради двете одложени средби, па затоа Гоце Георгиевски дава мала предност на противникот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„После подолго време ќе одиграме еден натпревар, ни доаѓа Флензбург, добро познат противник и во добра форма. Сите знаеме како играат, имаат добра серија и добар ритам. Ќе ни биде потешко затоа што не сме играле месец дена, ни останува тоа што сме договориле да го покажеме на терен. Флензбург е екипа добра во транзиција, нападот им е одличен со многу брзи играчи. Ако го спроведеме она од тренинзите ќе ни биде полесно. Но, пак ќе кажаме тешко е да бидете без натпревар еден месец, не знаеме каде сме со формата, овој меч тоа ќе ни го покаже. Очекувањата се поволен резултат, играме дома првпат сезонава и ни останува да се бориме максимало за да излечеме позитивен резултат“, изјави Георгиевски.
Вардар и Флензбург играат во четврток од 20:45 часот.