Освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски денеска престигнува во Скопје.
Репрезентативецот во таеквондо кој го постигна најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт пристигнува во 14 часот и 15 минути на скопскиот аеродром.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Георгиевски ќе добие еднократна награда од 10 000 евра од МОК за освоениот сребрен медал, а предвидена е спипендија од 1000 долари месечно до следните Олимпипски игри во Париз 2024 година. Притоа, како што е веќе познато ќе добие и 30 000 евра од Владата како и 10 000 евра од АМС.
Свечениот пречек на Георгиевски ќе се одржи во 19 и 30 на градскиот плоштад кога сите љубители на спортот ќе може да го поздрават неговиот успех.