Денес селекторот на У21 репрезентацијата на Македонија ги скенираше фудбалерите од 2002/2003 во тест натпревар против Косово.
Фудбалерите кои ги избра Канатларовски прикажаа добра игра и на крајот дојдовме до минимална победа од 1:0. Стрелец на голот беше Луан Абази. Разликата ја направивме во второто полувреме кога беше постигнат единствениот гол на натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После неколку шанси во низа и доминација на противничката половина македонските фудбалери го отворија резултат.
Противникот немаше одговор на нашата игра, постојано се бранеше и ретко го минуваше центарот на теренот, па и немаше некои сериозни закани кон нашиот гол.
За два дена ќе ја одиграме и втората контролка против истиот противник.
Фото: ФФМ