Дома Топ вести Гвардиола ќе руши рекорди за Гвардиол

Гвардиола ќе руши рекорди за Гвардиол

Хрватскиот дефанзивец, Јошка Гвардиол игра фантастично оваа сезона и синоќа постигна гол против Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

Гвардиол е желба на голем број тимови од Европа, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Сити.

„Граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремаат понуда која не се одбива. Имено, понудата со вклучени бонуси може да достигне неверојатни 130 милиони евра.

Познато е дека Челзи долго време е заинтересиран за дефанзивецот и дека е спремен да понуди 90 милиони евра, па Сити сака да ја победи конкуренцијата.

Интерес за Гвардиол уште покажуваат и Ливерпул и Реал Мадрид, па Хрватот сигурно ќе биде „жешка“ тема на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…