Дома Фудбал Англија Гвардиола: Јунајтед е силен тим, Бруно е неверојатен

Гвардиола: Јунајтед е силен тим, Бруно е неверојатен

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола покажа респект спрема Јунајтед пред градскоро дерби.

Гвардиола изјави дека има голема почит кон Манчестер Јунајтед и особено го пофали новото засилување Бруно Фернандеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секогаш тврдев дека Јунајтед е силен тим. Секогаш го почитував тој тим. Секое дерби е посебно за нас, а ситуацијата оваа сезона е малку поинаква, зошто сега ние се бориме за што подобар крај на сезоната, а не за титулата. На нив им е важно да обезбедат место кое води во Лигата на шампионите“, истакна Гвардиола.

„Бруно е исклучително добар играч и поради тоа Манчестер Јунајтед вложи толку напор за да го доведе. Понекогаш големите играчи можат да имаат огромно влијание врз еден тим, без разлика што станува збор за јануари“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Германскиот гигант по 14 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите

Со синоќешната победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на …