Eрлинг Халанд во вчерашниот натпревар на Манчестер Сити против Вест Хем постигна хет-трик, а тренерот Пеп Гвардиола по овој дуел не штедеше пофалби на сметка на Норвежанецот.
Шпанскиот стратег смета дека во овој момент нема стопер кој може да го запре Халанд кога игра во својата најдобра форма.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ерлинг е незапирилив. Не постои стопер кој може да го запре, ниту со пиштол. Толку е незапирлив, сите тоа го знаат. Оваа сезона ја унапреди својата игра во сите сегменти. По тренингот останува дополнителни 20 минути или половина час.
Минатата сезона тоа не го правеше. Среќни сме поради хет-трикот, меѓутоа беше вклучен и во играта, не изгуби ниту една топка и одигра неверојатно, како одбранбено така и без топка. Навистина сум презадоволен“, изјави Пеп по натпреварот.
Противник на избраниците на Гвардиола во следното коло ќе биде тимот на Брентфорд.