Управата на Барселона се соочува со сериозен проблем во обидот да го задржи 17 годишниот талент Гави во своите редови.
Талентираниот плејмејкер веќе има сериозни понуди од Англија, Ливерпул, Челзи, но најконкретен е Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот договор на Гави истекува во јуни 2023 година, а во него има откупна клаузула од „само“ 50 милиони евра.
Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација.
Сити е спремен да ја плати откупната клаузула од 50 милиони евра и и подготвен е да му даде дури десетпати поголема плата од сегашната во Барселона.
Барселона веќе започна преговори за продлжување на соработката, но прашање е дали ќе биде во можност да им парира на богатите понуди од Англија.