Дома Топ вести Гвардиола сака да го „украде“ Себаљос

Гвардиола сака да го „украде“ Себаљос

Шпанскиот репрезентативец  Дани Себаљос е најновата желба на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Себаљос оваа сезона ја помина на позајмица во Арсенал и покажа добри партии во Премиер лигата, па Гвардиола смета дека би бил идеална замена за Давид Силва.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Топџиите“ сакаат да го откупат договорот на Себаљос за 30 милиони евра од Реал Мадрид, но „граѓаните“ се спремни да понудат повеќе.

Имено, Реал го цени својот играч на 40 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за Гвардиола.

Притоа, самиот фудбалер преферира преселба на „Етихад“ каде ќе може да игра во Лигата на шампиони и да се бори за најпрестижните трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…