Дома Трансфер зона Гвардиола руши рекорд во Премиер лигата стар 13 години!

Гвардиола руши рекорд во Премиер лигата стар 13 години!

„Граѓаните“ и Манчестер Сити се пред нов трансфер со кој би поставиле рекорд во Премиер лигата.

Шампионот на Англија и во наредната сезона ќе биде фаворит за тронот. Ова лето тимот на Гвардиола се засили со Родри кој би требало да ја превземе позицијата на Фернандињо кој влегува во поодминати фудбалски години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Барселона и Баерн е познат по тоа што сака да инсистира на воигрување млади играчи во првиот тим. Во сезоната која е зад од младинскиот тим во првиот тим беа унапредени Фоден и Зинчеко.

Според пишувањето на англиските медиуми клубот од „Етихад“ е пред доведување на нов млад англиски фудбалер. Станува збор за Морган Роџерс од ВБА вредноста на овој трансфер ќе изнесува околу 10 милиони евра што ќе биде најголема исплатена сума за еден фудбалер од 16 години уште од 2006 година кога Арсенал го доведе Тео Волкот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…