Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде коментар на противникот во четвртфиналето од Лигата на шампиони, како и на битката за титулата во Премиер лигата.
На денешниот ждреб во Нион, „граѓаните“ за противник го добија Атлетико Мадрид, кој во претходното коло го елиминира Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Атлетико помина неверојатно тешка група. Потоа беа подобри од Манчестер Јунајтед во 180 минути. Првото полувреме во Мадрид беше фантастично. Ќе биде многу тешко, особено поради фактот што гостуваме во реваншот. Меѓутоа, ова е четвртфинале во ЛШ и нормално е да биде тешко“, изјави Гвардиола.
„Очекував битката во Премиер лигата да биде толку израмнета. Загубивме бодови во последно време, но играме за победа на секој меч. Остануваат уште девет меча и секој од нив е како финале за нас. Ќе биде многу интересно“, заклучи каталонскиот стратег.