Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола откри што му кажал на судијата на полувремето

Гвардиола откри што му кажал на судијата на полувремето

Во реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ фудбалерите на Манчестер Сити не успеаја да ја надокнадат негативата од 3:0 од Енфилд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По натпреварот, во Манчестер Сити најмногу им се лути на судиите, бидејќи кој знае како ќе завршеше натпреварот ако главниот арбитар не го поништеше голот на Граѓаните. Тој момент беше причината поради која Гвардиола на полувреме доби црвен картон.

“Зашто сум исклучен? Реков на судијата дека е гол, дека Милнер додаде до Сане и дека тоа е чист гол, затоа тој ме исклучи. Не го навредував, само му реков: “Матео, гол е.” Ќе беше друго ако на полувреме заминевме со 2:0 ” – рече меѓу другото Гвардиола и додаде:

“Во ова натпреварување екипите толку се изедначени што влијанието на судиите е од исклучителна важност. Ќе се вратиме следната сезона. Честитки за Ливерпул, се надевам дека добро ќе ја претстави Англија во полуфиналето”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бруно Гимараеш веќе се договорил со Арсенал

Бруно Гимараеш неодамна го информираше Њукасл дека сака да го напушти клубот и да премине …