Дома Топ вести Гвардиола нуди 45 милиони за миленикот од Баерн!

Гвардиола нуди 45 милиони за миленикот од Баерн!

Англиските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер мета на Пеп Гвардиола е левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба за кого е спремен да издвои 45 милиони евра.

Раководството на „граѓаните“ веќе стапило во контакт со управата на Баерн Минхен и сакаат да започант преговори за да го комплетираат трансферот во јануари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гвардиола веќе го известил раководството дека му се потребни засилувања на двете бековски позиции и дека по секоја цена сака да го види Алаба на „Етихад“.

Алаба беше миленик на Пеп кога соработуваа заедно во Баерн Минхен, најмногу поради фактот што е поливалентен играч кое може да игра на повеќе позиции.

Сепак, тешко е да се поверува дека Баерн ќе прифати продажба на својата ѕвезда, особено не на средината од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…