Пеп Гвардиола експресно ги демантираше сториите за неговиот контакт со Реал Мадрид и истакна дека е фан на Барселона и не се гледа себе си на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новинар кој напиша две книги за Пеп Гвардиола вчера откри дека „кралевите“ стапиле во контакт со стратегот и се обиделе да го ангажираат како наследник на Рафа Бенитез.
„Ниту сум јас тренер за Реал Мадрид, ниту Реал Мадрид е тим што би го одбрал како погоден за мојата кариера. Да се разбереме, јас сум војник на Барселона, таму играв, таму бев тренер и тој клуб секогаш ќе биде во моето срце“, одговори Гвардиола.