Дома Фудбал Англија Гвардиола не запира овде, планира уште два мега трансфери на „Етихад“

Гвардиола не запира овде, планира уште два мега трансфери на „Етихад“

Манчестер Сити има шампионски тим, барем така делуваат играчите на Пеп Гвардиола во новата сезона, кои се главен кандидат за титулата во Премиер лигата.

Шпанскиот стратег Пеп и натаму верува дека тимот може уште многу да напредува, поради што веќе има на ум две нови засилувања, со кои „граѓаните“ би биле навистина тим за почит.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите од Англија, Алексис Санчес од Арсенал е огромна желба на Гвардиола, која најверојатно и ќе се оствари, затоа што Чилеанецот на крајот од сезоната ќе биде слободен играч и самиот ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Покрај играчот на Арсенал, во комбинација за нови играчи на Манчестер Сити се наоѓаат и левите бекови Рајан Бертранд, Фаузи Гулам и Арон Мартин, сите би биле замена за повредениот Бенџамин Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Избраниците на Ерик тен Хаг забележаа срамен пораз во Лондон од Кристал Палас со резултат …