Во пресрет на утрешниот меѓусебен меч во Премиер лигата помеѓу Манчестер Сити и Челзи на „Итхад“, шефот на стучниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола на кофенренцијата за медиумите истакна дека тренерот на Челзи, Антонио Конте ги променил стандардите на англискиот фудбал и дека неговиот траг веќе е очигледен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Луѓето можеби се уште не се свесни што Антонио Конте направи со Челзи. Се истакна како вистински тактички генијалец. Претстави потполно нови офанзивни и дефанзивни состави. Многу екипи, вклучувајќи го и Арсенал, се обидуваат да ја имитираат неговата замисла. Во минатото со Јувентус и италијанската репрезентација оствари одлични резултати и прилично сум убеден дека неговата оставина ќе биде видлива и во англискиот фудбал“.
Гвардиола се осврна и на медиумските шпекулации дека Антонио Конте е пред се поголем притисок од клупската управа, па и навивачката база поради резултатите во тековната сезона.
„Особено изминатата сезона бев под енормен притисок. Луѓето често се прашуваа што правам, што ми е на ум и зошто употно го форсирам својот стил на игра. Притисокот е секојдневен и свесен сум дека еден ден ќе бидам во ситуација преполна со притисок. Таква е тренерската професија“, заклучи Каталонецот.