Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше вечерва задоволен како ретко по која победа.
Како што истакна самиот, причината е што неговиот тим оствари една од најголемите победи оваа сезона против многу моќен состав.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ниту како играч, прво, а потоа и како тренер. Ма, никогаш не сум играл против ваков тим. Очекував многу тешкотии за нас. Тоа се беше очекувано. Ако овие момци продолжат вака да играат, далеку ќе стигнат“, истакна по дуелот шпанскиот стратег.
„Многу сум горд на моите фудбалер, бидејќи знам колку енергија мораа да вложат за да победат вечерва. Против ваков тим невозможно е да се доминира 9“ минути. Тоа не доаѓа предвид.“