Дома Фудбал Гвардиола: Играчите не се гладни за трофеи, исто беше и во Барселона…

Гвардиола: Играчите не се гладни за трофеи, исто беше и во Барселона…

Пеп Гвардиола веќе седум години го тренира Манчестер сити, но медиумите во изминатиот период шпекулираат дека наскоро ќе го напушти англискиот шампион.

Гвардиола во моментов ја губи битката за титулата, зашто Арсенал има пет бодови повеќе, но и еден меч помалку од „граѓаните“.

„Ги разбирам своите играчи. Не се гладни за трофеи. Поминував низ сличен период и како играч и тренер на Барселона.

По четири титули по ред не бев доволно гладен. Истата ситуација е и во Сити, но јас сум тука да ги поправам работите. Ако не се случи тоа, тогаш ќе заминам.

Ќе се вратам во Барселона, ми недостигаат 25 степени, 11 месеци во годината. Ми недостига храната и морето“, вели Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри бара одговор од Наполи: Рома доаѓа во налет, но ова не е последната битка

Наполи го пречекува непоразениот тим на Гасперини по поразот од Венеција. Алегри бара подо…