Дома Фудбал Гвардиола за него го сруши светскиот рекорд, а тој го „исфрли“ од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Гвардиола за него го сруши светскиот рекорд, а тој го „исфрли“ од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Maнчестер Сити вчера испадна од Лигата на шампионите иако го победи Тотенхем со 4:3 на „Итихад“. Сепак поради головите на гости „петлите“ поминаа во следната фаза.

Еден од главните виновници што Сити нема да игра во полуфиналето е 23 годишниот Емерик Лапорт. За Лапорт него Гвардиола го сруши клупскиот рекорд пред една година и го направи најскап дефанзивец на сите времиња (се до трансферот на Ван Дијк) со сума од 65 милиони евра.

Сепак, тој вчера беше главен виновник за двата гола на Тотенхем. Тој беше виновник за првиот гол на Сон бидејќи лошо ја исфрли топката и додаде до Јужнокореецот кој погоди за 1:1.

https://youtu.be/7oTe6Qu9q3U

Освен тоа при вториот гол ја предаде топката во нозете на играчите на Тотенхем кои започнаа контра која со гол ја заврши одново Сон.

https://youtu.be/DEL5nzh8YpY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Кен Фагерберг на 37 години, поранешниот млад репрезентативец на Шведска

Семејството ја потврди смртта на поранешниот напаѓач на Митјиланд, кој последните години ж…