Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да го доведе во своите редови плејмејкерот на Барселона, Френки де Јонг.
Откако не успеа да го доведе Даклан Рајс, сега Гвардила ќе се насочи кон Де Јонг и е спремен да понуди 90 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Френки де Јонг беше желба на Пеп Гвардиола уште во 2019 година, но холандскиот играч за врска тогаш ја избра Барселона.
Минатото лето Де Јонг беше на продажба поради финансиски проблеми на Барселона, но никој не беше спремен да ја плати сумата која ја бараа Каталонците.
Сити сега ќе се обиде да го доведе на „Етихад“ и спремил понуда од 90 милиони евра плус бонуси, сума која Барселона тешко ќе може да ја одбие.