Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити веќе го договорил првото летно засилување.
Станува збор за бразилскиот играч за врска на Шахтјор, Фред кој ќе пристигне на „Етихад“ за 50 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фред беше голема желба и на Жозе Мурињо, но Манчестер Сити беше поконкретен и веќе постигнал договор со украинскиот клуб.
Гвардиола во Фред гледа идеална замена за Фернандињо, па поради тоа побрза да го реализира трансферот и да ја победи конкуренцијата.
Англиските медиуми тврдат дека Пеп повторно следното лето ќе се обиде да го донесе Ријад Марез и се оптимисти дека трансферот ќе се реализира.
Трето засилување би требало да биде Милан Шкриниар од Интер, за кого Сити е спремен да плати 65 милиони евра.
Гвардиола смета дека овие три засилувања ќе бидат доволни за комплетирање на тимот за следната сезона.