Дома Фудбал Англија Гвардиола: Горди сме што не споредуваат со Ливерпул

Гвардиола: Горди сме што не споредуваат со Ливерпул

Викендов на програмата е големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, двата лидери во Премиер лигата во моментов.

Двата тима минатата сезона водеа битка и во Лигата на шампиони, а оваа сезона важат како главни фаворити за освојување на титулата во Премиер лигата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Секој натпревар со Ливерпул е комплетно различен. Минатата сезона „црвените“ победија многу тимови, не само нас. Ливерпул е еден од двата најголеми англиски клубови, ние се обидуваме да им се доближиме“, истакна Гвардиола.

„Ливерпул заслужува аплауз за тоа што го направи минатата сезона. Ние сме горди што не споредуваат со ваков клуб. Манчестер Јунајтед и Ливерпул се водечки клубови во Англија, а потоа Арсенал и Челзи. Ние сега влеговме меѓу елитата и се обидуваме да се доближиме што е можно повеќе“, додаде предводникот на „граѓаните“.

Гвардиола потоа откри дека Кевин де Брујн е опоравен од повредата и можно е да биде повикан за овој меч, додека Гундоган и Делф сигурно ќе го пропуштат дербито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…