Дома Фудбал Англија Гвардиола ги шокираше сите пред мечот со Тотенхем!

Гвардиола ги шокираше сите пред мечот со Тотенхем!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес ги изненади сите со својата изјава на пресот пред утрешниот меч против Тотенхем.

Манчестер Сити го пречекува Тотенхем во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони, а првиот меч заврши со победа на „спарси“ од 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не дојдов овде за да ја освојам Лигата на шампиони, туку мојот тим да игра така како што играше претходните 20 месеци“, изјави Гвардиола.

„Овој меч нема да биде сличен на првиот бидејќи мораме да постигнеме голови. Играме дома и мораме да создадеме добра атмосфера, но и да играме добро“, додаде каталонскиот стратег.

На прашањето дали има обврска да освои титула оваа сезона во ЛШ или Премиер лигата, Гвардиола одговори:

„Го обожавам ваквите предизвици, тоа е моја желба. Но, свесен сум дека во фудбалот губите повеќе отколку што победувате. Ја само се обидувам да го дадам најдоброто од себе“.

Гвардиола не размислува за евентуално финале, но изјави дека вечерва ќе го гледа дуелот Барселона – Манчестер Јунајтед, а не Јувентус – Ајакс.

Тоа малку зачудува бидејќи доколку се пласира во полуфиналето негов противник ќе биде подобриот од дуелот Јувентус – Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…