Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола ја разгледува опцијата во јануарскиот преоден рок да ангажира уште еден фудбалер од средниот ред.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Сити загуби два натпревари по ред во ПЛ и тоа од Кристал Палас и Лестер, а интересно е дека и во двата натпревари не настапи Фернандињо кој е повреден.
Со оглед дека Бразилецот нема да биде во комбинација уште некое време, Шпанецот ќе тргне во шопинг. Како што пренесуваа медиумите од Островот, прв на листата на негови желби изненадувачки е играчот на Челси, Сеск Фабрегас.
Поранешниот шпански репрезентативец има проблем да избори место во екипата на Челси откако на клупата пристигна Сари, а Гвардиола е негов поранешен соработник од Барселона. Иако соработуваа во време кога Сеск беше на врвот од кариерата, Пеп очигледно се уште верува дека во него има уште квалитет и дека може да биде корисен за Граѓаните во следниот период.
Да потсетиме, за услугите на Фабрегас се интересираат уште Монако и Милан, а доколку дојде повик од Гвардиола, Шпанецот тоа тешко може да го одбие.