Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Во праисторијата, денес или за 100 години, секогаш е тешко против екипа како Атлетико

Гвардиола: Во праисторијата, денес или за 100 години, секогаш е тешко против екипа како Атлетико

Maнчестер Сити успеа да го победи Атлетико Мадрид со 1:0 на „Итихад“, а она за што најмногу се зборува после овој натпревар е ултрадефанзивната тактиак која ја постави Диего Симеоне.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Атлетико вчера стана првата екипа која во нокаут фазата од Лигата на шампионите не испратила ниту еден никаков удар кон противничкиот гол. Тактиката на Симеоне после натпреварот ја коментираше неговиот колега од спротивната страна, Пеп Гвардиола.

„Почувствувавме дека тие ќе играат во формација 5-3-2, но потоа Гризман беше на десната страна, а Феликс лево, така формацијата се претвори во 5-5-0. Значи, две одбранбени линии со по пет играчи. Во праисторијата, денес или за 100 години, секогаш ќе биде тешко да напаѓате или да создавате шанси во таква ситуација. Борбени се и одлично се бранат. На полувремето им кажав на играчите дека играме добро и да не се грижат. Голот навистина добро ни дојде“, изјави Пеп.

КАКО ИЗГЛЕДАШЕ АТЛЕТИКО ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ВЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…