Манчестер Сити вчетра успеа да го добие Челзи во полуфиналето од ФА Купот и да обезбеди пласман во големото финале.
„Граѓаните“ само три дена по пеколните 120 минути против Реал Мадрид во ЛШ, мораа да играат полуфинале против Челзи, и се изборија за ново финале во ФА Купот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По мечот Гвардиола упати жестоки критики за организаторот и изјави дека ова е неприфатливо.
„Не знам зошто не игравме во недела, како Манчестер Јунајтед и Ковентри, кои во средината на оваа недела немаа натпревари и беа слободни. Непрофатливо е тоа што не пуштија да играме во сабота, а не недела. По сите тие емоции против Реал и начинот на кој бевме елиминрани, несфатливо е зошто ова ни го направија. Не знам како го преживеавме овој меч“, порача Пеп.