Дома Останати Ракомет Гаџа: Сите посакуваме добар резултат во последниот натпревар во ЛШ оваа година

Гаџа: Сите посакуваме добар резултат во последниот натпревар во ЛШ оваа година

Tимот на Вардар 1961 е пред ппоследниот предизвик за оваа година во Лигата на шампионите.

После добриот старт во елитното европско натпреварување Вардар е во сериозна криза од шест порази во низа, па сите во тимот посакуваат излез од таа криза в среда на гости кај ППД Загреб.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Анте Гаџа кој не можеше да му помогне на тимот против Кил се враќа во составот.

„За Вардар ова е последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа година и затоа сите посакуваме добар резултат и со добро расположение да се вратиме во Скопје. ППД Загреб ја подигна формата и треба да бидеме многу сконцентрирани на овој натпревар. Знаеме дека играат цврста одбрана и можат секому да направат проблем“, изјави Гаџа.

Натпреварот помеѓу Загреб и Вардар се игра в среда во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…