Вардар и Еурофарм утре ќе го играат натпреварот од Суперкупот против Еурофарм Пелистер.
Анте Гаџа во изјавата пред натпреварот порачува дека краток бил периодот за воигрување, но дека со труд и максимално залагање тие недостатоци би можеле да бидат прикриени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не чека првиот официјален натпревар и веднаш се игра за трофеј. Ние сме Вардар и сакаме да победиме. Рано е, имаме многу нови играчи, а ни недостасува и Гурбиндо, тоа сигурно ќе се почувствува. Ќе биде тешко, немаше многу време, имаме и нови јазици, се обидуваме да се научиме, а нè има многу. Се надевам дека со тек на времето ќе бидеме сè повоиграни и ќе се подобриме за предизвиците од СЕХА-лигата“,изјави Гаџа.
Натпреварот Вардар и Е.Пелистер го играат во „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот.