Tренерот на Риве Марсело Гаљардо ја отфрли можноста во декември да ја превземе Барселона, бидејќи како што кажа тој не добил никаква понуда.
Пред само неколку дена шпанските и аргентинските медиуми објавија дека Гаљардо до крајот на годината може да го замени Ернесто Валверде на „Ноу Камп“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ниту една страна не ми се обратила за да започнат било какви преговори. Нас сега не очекуваат многу важни натпревари и тоа е она на што сум фокусиран. Не можам да размислувам за гласините.
„Нас сега не очекуваат важни натпревари и тоа е она на што сум фокусиран. Не можам да размислувам за гласините. Можам да ви кажам дека никој не ме побарал“, изјави Гаљардо.
Претходниот викенд Барселона беше поразена од Леванте во Ла Лига, а во вторник освои само бод против Славија во Лигата на шампионите.