Дома Фудбал Лига на шампиони Гачевски им стави крај на надежите на Вардарци: Копенхаген го сруши отпорот на црвено-црните (Видео)

Гачевски им стави крај на надежите на Вардарци: Копенхаген го сруши отпорот на црвено-црните (Видео)

Македонскиот шампион, Вардар убедливо загуби на гостувањето во Копенхаген со 4:1 и им стави крај на своите соништа за настап на европската сцена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По раната предност на домашниот состав преку Грегус во 2. минута, Николов успеа да израмни и да му донесе значајна предност на македонскиот состав. 

Првиот дел се заокружи со резултат 2:1 за Копенхаген, а тоа беше резултат на автоголот на Барсегјан во 26. минута.

Во вториот дел, стрелецот на првиот погодок за домашните, Грегус заработи црвен картон, па оттаму се чини резултираше опуштеноста во одбраната на нашиот тим, која беше казнета со погодокот на Сатандер во 72. минута.

Непосредно пред крајот, кога Вардар постојано напаѓаше, при една контра на домашните, Гачевски направи аматерска грешка во својот шеснаесетник, по која беше досуден пенал за Копенхаген.

Стрелец на четвртиот погодок беше Сотириу во 88. минута, кој беше прецизен од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Моуринјо ќе го преземе Реал Мадрид, тренерот ја информираше и Бенфика

Очекуваниот враќање на Жозе Моуринјо во Реал Мадрид помина два часа денес во базата на Бен…