Дома Фудбал Италија Гатусо пред големото градско дерби: Интер е се уште жив

Гатусо пред големото градско дерби: Интер е се уште жив

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо предупредува дека Интер е се уште жив, пред дуелот со градскиот ривал во неделата на Сан Сиро.

Милан моментално е треропласирана екипа и победникот од овој натпревар би можел да направи добар чекор, а тоа е пласман во групната фаза во ЛШ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Секое дерби има своја приказна. Не смееме да размислуваме за првиот натпревар оваа сезона, бидејќи ќе биде сосема различно.“ – изјави тренерот на Милан на прес конференцијата за новинарите.

„Во текот на изминатите пет дена се со слушнав е дека Интер е на колена, но моменталната форма не постои во дерби натпреварите. Мораме да го почитуваме својот противник, да ги користиме нашите шанси, да покажеме срце, интелигенција и одлучност. Полниот Сан Сиро мора да биде наш 12 играч, но го почитуваме Интер бидејќи има неколку одлични играчи во своите редови.“

„Се е во игра, но тоа на крајот се само три бода. Повеќе сум загрижен за она што може да се случи на психолошки план работите да тргнат наопаку. Победата ќе ни дојде добро, но морам да работам на момците ако загубиме. Тоа е важен чекор на нашиот пат.“ – додаде Џенаро.

Навивачите на Милан многу очекуваат од Криштоф Пијатек…

„Разликата мора да ја направи колективот, а не само тој. Многу малку играчи имам видено во мојот живот кои сами можат да го решат натпреварот. Ние не сме во таа ситуација, така да секоја победа доаѓа низ тоа. Не разговарам многу со Пијатек, бидејќи тој не е за разговор. Почнува се повеќе да се смее, а на почетокот мислев дека е лут на мене. Тој дечко сака да работи, доаѓа на тренинзи и кога е слободен.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…