Дома Фудбал Италија Гатусо одби враќање во Серија А

Гатусо одби враќање во Серија А

Џенаро Гатусо наводно одбил понуда од Сампдорија, после разговорите со првиот човек на клубот од Џенова, Масимо Фереро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пишувањата на Газета дело Спорт и уште неколку италијански медиуми, Гатусо денеска го побарал Фереро и му соопштил дека не ја прифаќа понудата.

Наводно, Сампдорија на Гатусо му понудила двегодишен договор и одврзани раце кога е во прашање трансфер стратегијата.

Да потсетиме, Сампдорија му врачи отказ на Ди Франческо после лошите резултати во првите седум кола во новата сезона, а откако Гатусо ја одбил понудата од овој клуб се уште не е познато кој ќе биде негова замена.

Наводно, една од желбите била и Стефано Пиоли, но тој потпиша договор со Милан.

Инаку, Џенаро Гатусо е без ангажман од мај месец оваа година кога ја напушти клупата на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…