Дома Фудбал Италија Гатусо: Ние не сме голем тим

Гатусо: Ние не сме голем тим

Милан синоќа повторно ги разочара своите навивачи. Росонерите одиграа добар натпревар на гостувањето кај Емполи, но поради грешките на Ромањоли и пропуштените зицери на крајот освои само бод.

Росонерите после новиот неуспех повторно паднаа на дното. Моментално се 14. тим на табелата со шест бодови, а тренерот Џенаро Гатусо после новото разочарување јасно тврди – Милан не е голем тим.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Креиравме голем број шанси, а потоа се случи грешка. Немам што да кажам за грешките на Ромањоли. Ако морам да зборувам со него за тоа, морам и со оние кои ги промашија шансите.“ – рече Гатусо и додаде:

„Не сме голем тим. Мораме да растеме, да исправиме некои грешки и сето тоа со напорна работа. Ако продолжиме да играме вака, резултатите ќе дојдат, порано или подоцна.“

Следниот натпревар му носи уште еден тежок испит за Милан, гостува кај оваа сезона одличниот Сасуоло кој моментално е трет тим на табелата во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …