Дома Фудбал Италија Гатусо: Жал ми е, но Интер беше подобар

Гатусо: Жал ми е, но Интер беше подобар

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо после натпреварот призна дека Интер беше подобрата екипа во големото миланско дерби.

Милан го чуваше резултатот се до судиското продолжение, кога Мауро Икарди ја искористи грешката на Донарума и со глава погоди за голема победа на Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Интер беше подобар тим на теренот и секако дека заслужи повеќе од нас, но жал ми е што натпреварот го загубивме на овој начин. Да останеше 0:0, имаше повеќе што да кажам за нашата игра, но вака впечатокот станува различен.“ – изјави Гатусо.

Тренерот на Милан не сакаше да го критикува Донарума.

„Не загубивме поради Донарума. Не сакам да издвојувам поединци и после победа и после пораз. Изгубивме бидејќи не го одигравме целиот натпревар доволно храбро. На крајот бевме збунети и тоа не чинеше.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тензии во Манчестер Јунајтед: Хојлунд се жалел кај Тен Хаг од Бруно Фернандеш

Расмус Хојлунд оваа сезона покажа дека има потенцијал да го носи дресот на Манчестер Јунај…