Екипата на Милан не игра одлично во последно време.
Фудбалерите кои од клупата ги предводи Џенаро Гатузо се уште не знаат за пораз во 2018. година, а одиграа веќе 11 натпревари. На последните пет натпревари во Серија А, „Росонерите“ забележија четири победи и реми, но проблемот е во фактот дека во следните денови ќе одиграат неколку дерби натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гатузо сигурно нема да биде среќен кога ќе го види распоредот на својата екипа во следните денови. Се почнува уште утре, кога Милан и гостува на Рома во рамките на 26. коло од Серија А. Само три дена подоцна следува натпреварот во Купот на Италија, а противник е Лацио. На 4. март Милан ќе ги одмери силите против вечниот ривал Интер во рамките на Серија А, а потоа следува натпреварот против Арсенал во осмина финалето од Лигата на Европа.
Што значи, Милан во само две недели ќе одигра четири многу важни натпревари. Инаку, тие во моментов се наоѓаат на 7. позиција во Серија А со 41 бод односно седум бода помалку од местото кое води во Лигата на Шампионите.