Mилан и Јувентус вечерва ќе играат за трофејот во Купот на Италија.
Очекувањата се Милан да биде повеќе мотивиран и повеќе да го посакува трофејот, а Џенаро Гатузо најави голема борба и потврди дека неговиот тим силно го посакува овој трофеј.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Овој натпревар за нас е како Светско првенство. И навивачите и играчите сакаат да го подигнат тој трофеј. Ќе играме против клуб кој доминира во Италија во последните седум години, сепак ние сме спремни и максимално мотивирани“.
„Ако сакаме да победиме мораме да ја играме нашата игра, да играме машки. Мораме на Јувентус да му го ограничиме просторот. Знаеме дека тоа е тим кој во своите редови има многу одлични играчи, но никој не е непобедлив. Ќе ја бараме својата шанса и мислам дека натпреварот ќе биде интезивен“, изјави Гатузо.
Финалето од купот на Италија се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.