Дома Фудбал Останато Гатузо: Целосно залутавме, ова е премногу лошо

Гатузо: Целосно залутавме, ова е премногу лошо

gatuso

Тимот на Милан вчера им приреди непријатно изненадување на своите навивачи со поразот од Бетис на „Сан Сиро“ 2:1.

Стратегот на овој тим, Џенаро Гатузо после натпреварот не го криеше разочарувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние целосно залутавме. Ова не е игра, туку мачење. Изгубивме самодоверба. Овој тим не игра бистра глава, не може да го направи тоа што го сака бидејќи е напната. Имаме навистина проблеми и треба да седнам да зборувам со играчите. Поразот од Интер не беше катастрофа затоа што игравме добро се финишот, но ова сега беше премногу лошо“.

„Ја превземам одговорноста. Јасно ми е дека сум мета на критики, водам голем клуб и ова изгледа лошо. Не личиме на оној тим од пред неколку недели кога игравме добро, но сето тоа се проблеми од психолошка приорда“, изјави тренерот на Милан.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо ќе добие отказ доколку Милан за викендот не ја победи Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…