Дома Фудбал Италија Гатузо: Ромањоли е недопирлив, Кутроне има иднина во Милан!

Гатузо: Ромањоли е недопирлив, Кутроне има иднина во Милан!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо истакна дека на неговиот тим му престојат 14 финалиња до крајот на сезоната.

„Росонерите“ се борат за место во Топ 4 и за нив секој меч ќе биде исклучително важен до крајот на сезоната, а утре ќе ги одмерат силите со Сасуоло.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Утрешниот меч е од огромно значење за нас. Не треба да мислиме на дербито со Интер, треба да се сконцетрираме на Сасуоло. Имаме 14 финалиња пред нас, па на крајот ќе видиме каде сме стигнале. Сасуоло има добри фудбалери и игра одличен фудбал, па треба да бидеме многу внимателни. Мораме да излеземе со голем респект кон нив, но целта е секако три бода“, истакна Гатузо.

Изминатите денови се појавија информации дека неколку европски гиганти се заинтересирани за Алесио Ромањоли.

„Тоа се само непотребни шпекулации. Ромањоли е недопирлив и ќе остане во Милан уште многу години. Тој е среќен и горд што е капитен на овој тим. Многу напредуваше во последно време, но се уште е многу млади и сметам дека може уште многу да напредува“, истакна Гатузо, а потоа му даде совет на Кутроне.

„Кутроне во последно време не добива многу минутажа, но мојот совет му е да продолжи да работи. Во моментов Пјонтек е во страшна форма, а ние играме само со еден напаѓач. Сепак, Патрик е многу важен за тимот и има голема иднина во Милан“, заклучи Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…